Феникс на местото на Академија ФМП во Супер-лигата

196

Навико Академија ФМП не успеа да се трансформира во Акционерско друштво, и соодветно на тоа да настапува во највисокиот степен на натпреварување – Суперлигата. Поради неможноста да ја изврши оваа трансформација, на местото на тимот од Кисела Вода во Супер-лигата ќе се натпреварува дебитантот Феникс.

„Поради неможноста за трансформација во акционерско друштво, како што наложуваат законските обврски, односно Законот за трансформација на клубовите во највисокиот степен на натпреварување во акционерски друштва, и поради моменталната состојба за остварување право на пласман во Суперлигата во сезона 2021/2022, екипата на КК „Навико Академија ФМП“ од Скопје не може да продолжи со настапи во највисокиот ранг на натпреварување од Првата лига-мажи, Суперлигата.

– Местото на КК „Навико Академија ФМП“ од Скопје го презема екипата на КК Феникс 2010 АД – Скопје“, стои во известувањето на КФСМ.

Согласно со тоа, КК „Навико Академија ФМП“ – Скопје го продолжува натпреварувањето во Плеј Аут лигата, а КК „Феникс 2010“ АД- Скопје, како следна според пласманот по одигрувањето на првиот дел од првенството, го презема местото во Супер лигата во натпреварувачката сезона 2021/22.

На предлог на комесарот за натпреварување, упатен до Управниот Одбор на КФСМ, како дополнение на Пропозициите за натпреварување во сениорски лиги дополнет е еден, а има и втор, односно нов член;

Се додава нов член: 7.1.6

„Сите  екипи кои ќе остварат пласман за учество во највисок степен на натпреварување, согласно Законот за спорт член 6-а, 7, 9 и 9-а, мора да бидат регистрирани како акционерски друштва“.

Се додава нов член: 7.1.7

„Доколку екипа која ќе обезбеди пласман во највисокиот степен на натпреварување, а притоа не е регистрирана во акционерско друштво, го губи правото да се натпреварува и останува во систем на натпревари во Плеј аут лигата, а неjзиното место ќе биде надополнето со екипа која е регистрирана во акционерско друштво и е следна по пласман“.

 Конечна табела и објаснување за екипите од Првата лига мажи

ПретходноМинимален пораз од Црна Гора
СледноПораз од Франција У23