ФФМ ги тестира Бамијоко, Рамадани, Јанкуловски….

1890

Фудбалската федерација на Македонија константно работи на пронаоѓање на таленти нив Европа и светот кој имаат наше потекло и кои сакаат да го носат нашиот национален дрес.

Па така, на денешниот меч организиран од страна на Академијата при ФФМ, настапија неколкумина момчиња кои се доведени специјално за оваа прилика. Да се провери нивниот репрезентативен капацитет и ниво на развој досега.

Во прв ред се работи за Абиола Бамијоко кој доаѓа од Финска, поточно од тимот на ППЈ. Настапува на позицијата стопер, а може да одговори и на позицијата бек. Неговото потекло по мајка е од Македонија, додека пак неговиот татко е од Африка.

Следува Кледи Баки Рамадани, играчот на тимот на Копер од Словенија, кој своето детство го има минато во Хрватска, но сега настапува за словенечкиот лигаш. И тој како и Бамијоко игра на стоперската односно бековската позиција. Кристијан Јанкуловски од Утсиктенс, Шведска  исто така е опција за десната бековска позиција, додека пак Љорик Мифтари доаѓа од Германија, од тимот на ФК СНДА.

Ринор Дуќаџини е играч на Јонкопинг, исто така од Шведска, а настапува на позицијата напаѓач. Алекс Бернаскони пак доаѓа од Англија, а има настапувано за младинскиот погон на Фулам односно тимот на Хершам.

„Секако дека ова е голема шанса за сите нас кои сме тука за да се докажеме пред стручниот штаб дека имаме репрезентативец капацитет. Се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата, и дека ќе добијам и следен повик за Македонија“ – ни изјави Кледи Баки Рамадани од Копер.

„Често доаѓам во Македонија и тука се чувствувам прекрасно. Пресреќен сум што ми се пружа оваа шанса, благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија и се надевам дека ќе добијам стандардно место во репрезентацијата со моите настапи“ – ни изјави Абиола Бамијоко на чист македонски јазик.

 

 

 

 

ПретходноЛШ: Атлетико ќе мора да нападне, Бенфика сонува чудо
СледноПознат составот со кој ќе “удриме“ на Чешка!