Убава атмосфера во “Јане Сандански“. По подолго време на еден кошаркарски натпревар кај нас добра посета, имаше што да се види, посебно кога станува збор за најверните фанови на МЗТ Скопје кои и и тоа како му помогнаа на својот тим да дојде до победата во првиот меч од завршниот турнир во АБА 2 лигата.
Се разбира дека тука беше и градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, имаше познати спортски “фаци“, тука беше и раководството на Кошаркарската федерација.
На крајот кошаркарите на МЗТ Скопје им се заблагодарија на своите фанови на поддршката, како што и треба.