Македонија со реми во Злин, пропушти златна шанса за победа

265

СПОРТМЕДИА во Злин, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација на првиот бараж меч за место на Светско првенство одигра без победник. Избраниците на Кирил Лазаров на гостувањето кај Чешка во Злин одиграа реми 24-24 (10-13). Реваншот се игра за четири дена во Скопје, билетите за оваа средба веќе се распродадени.

Имавме шанса многу комотно да ја добиеме оваа средба, но Чешка покажа зошто од секогаш била опасна селекција. На стартот на второто полувреме имавме предност од седум гола, не реализиравме три седмерци.

Мрква на дело ги покажа своите квалитети имаше 16 одбрани, кај нас Митревски 10. Прв стрелец беше Талески со пет гола, Георгиевски и Лазаров имаа по четири гола.

Одлично го почнаа мечот, Митревски запиша две одбрани, Кузмановски, Талески, Пешевски и Георгиевски донесоа 1-5 во деветата минута. Одбраната беше на високо ниво, изнуди технички грешки на противникот. Пропуштивме шанса за плус пет, Чешка вториот гол го постигна пред 10-тата минута (5-2).

Македонија влезе во криза, пет минути беше без гол, Лазаров не реализираше седмерец. Кузмановски го прекина овој период за 3-6 на средината на првото полувреме. Три одбрани на Митревски, погодок на Лазаров и Талески одново не донесоа на плус четири (4-8) во 18 минута, па 5-9.

Јагуриновски доби исклучување, ние после пет минути реализиравме, Столе врати на 7-10 во 27 минута. Чешка дојде на минус два, во време кога на теренот имавме играч помалку (9-11). Сепак ова не смени ништо на одморот, Македонија замина со 10-13.

Со четири гола во низа на Георгиевски, Маркоски, Талески и Лазаров, две одбрани на Митревски го отворивме второто полувреме, по четири минути водевме со 10-17, највисоки во досегашниот дел од мечот.

Домашниот тим успеа со два гола во низа да дојде на минус пет (12-17). Веќе влеговме во ритам, кој беше тежок да се издржи, ние игравме се посигурно, стабилно. Во 41. минута беше 13-19.

Мрква го живна својот тим, со две одбрани, противникот намали на 15-19 во 44. минута, згора на се одбрани два седмереци, еден на Лазаров, еден на Кузмановски. Но, тука беше Митревски, ја даваше дозата на стабилност, секогаш кога тоа беше најпотребно.

Во 49. минута, Македонија со двајца играчи помалку на теренот. Лазаров од тешка ситуација не дозволи овој меч да биде решен поинаку, на кратко го прекина налетот на домашниот тим. Мрква ни правеше проблеми, неговата селекција притискаше со серија од 5-1 намали на 23-24 во 28. минута.

Промашивме, но и Чешка изгуби топка, Мрква одбрани уште еден напад, ја запиша 16 одбрана. Последниот напад примивме гол за конечни 24-24.

ФОТО: idnes.cz

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Ренсом е нов плејмејкер на Гостивар
СледноЛазаров: Задоволен сум, да ми понудеа реми пред мечот со две раце ќе прифатев