Рафаел Надал се уште не почнал да тренира поради повредата на реброто, а ќе го пропушти и следниот турнир во Барселона.
„Тој сè уште страда од болки во ребрата и очекувано му требаат четири до шест недели за да почне со работа. Досега минаа три недели, па логично тој не може да игра во Барселона“, изјавил пријател на Надал.
Надал на 22 март објави дека ќе отсуствува четири до шест недели од терените поради повреда на реброто со која се здоби на Мастерсот во Индијан Велс.
Тој поради повредата веќе ги пропушти Мастерсите во Мајами, како и првите настапи на земјена подлога во Монте Карло. По турнирот во Барселона следуваат Мастерс турнирите во Мадрид (1 до 8 мај) и Рим (8 до 15 мај), додека вториот Грен слем Грен слем турнир сезонава Ролан Гарос е на програмата од 22 мај до 5 јуни.