Надреална сцена во НБА: Истрча на терен и се обиде да се залепи за паркетот!?

215

НБА почнува да има се повеќе проблеми со контролата врз навивачите во своите сали. Ако пред неколку недели маж во гаќи го прекина мечот меѓу Хјустон Рокетс и Сакраменто Кингс, синоќа во плеј-ин разигрувањето прекин имаше на мечот меѓу Минесота Тимбервулфс и ЛА Клиперс.

Навивачка на Тимбервулвс излезе на теренот во текот на втората четвртина и се намачка со лепак во обид да се залепи за паркетот во салата во знак на протест.

Обезбедувањето успеа да ја совлада навивачката, која носеше маица со порака против сопственикот на Минесота, кого го обвинуваат за злоупотреба на животни.

„Глен Тејлор пали живи животни“ пишуваше на маицата на жената која избра една од најоригиналните форми на протест во спортската историја.

ПретходноЧешка беше нашата виза за последниот Мундијал, нека биде така и сега!
СледноТухел бесен на судијата: Јас му приоѓам, а тој се забавува во друштво на Анчелоти