Чиро Имобиле, еден од најдобрите фудбалери во Италија нема намера веќе да игра за селекцијата на таа земја. Ова денеска го објавуваат медиумите во Италија, и посочуваат дека напаѓачот на Лацио е многу лут на јавноста во својата земја, која смета дека токму тој е еден од главните виновници за тоа што Италија нема да игра на СП, односно за поразот од Македонија.
Се вели дека Имобиле за оваа своја одлука го информирал и селекторот Роберто Манчини.