Баерн Минхен и Борусија Дортмунд водат и силни битки на трансферниот пазар. Германските ривали се залета по турскиот играч за врска на Фенербахче Арда Гулер кој има само 17 години и дебитираше за турскиот клуб оваа сезона. Неговиот клуб го проценува на 30 милиони евра.
На девет натпревари во Супер лигата Арда има два гола и две асистенции. Младиот фудбалер може да игра и како десната офанзивна линија.
Борусија е расадник на млади таленти, а во последните години неколку играчи се вивнаа во светскиот фудбал. Од друга страна, Баерн си е Баерн, најтрофеен германски клуб и попопуларен во светот.
Не е исклучено во наредниот период уште неколку клубови да се вклучат во трката по овој играч кој е младинец на Генчлербирлиги. Тој настапува за У17 репрезентација на Турција.