Голманот на Славија Прага, Алеш Мандоус, вечерва ја направи најголемата глупост на европските натпревари. Чуварот на мрежата на чешкиот тим при резултат 1:1 на дуелот со Феенорд во второто полувреме од реванш-четвртфиналето во конференциската лига, сам му подари гол на холандскиот тим.
Една навидум безопасна ситуација, Мандоус ја направи вистински хорор и за него и за домашните фанови. Голманот на домашните заринка во петерецот и му ја додаде топката на Десерс кој по вторпат му ја смести зад грбот за предност на Феенорд од 2:1.