Ливерпул побара одложување на мечот со Њукасл

242

Ливерпул официјално побара од Премиер лигата да го одложи натпреварот против Њукасл.

Според сегашниот распоред натпреварот од 35. коло во Премиер лигата кој треба да се одигра на стадионот „Сент Џејмс Парк“ е закажан за 30 април од 13.30 часот.

Овој дуел, практично доаѓа меѓу двата натпревари кои Ливерпул треба да ги одигра против Виљареал во полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар избраниците на Јирген Клоп ќе го одиграат против шпанскиот тим на 27 април, а вториот на 4 мај.

Од Премиер лигата засега не се огласиле по барањето.

ПретходноГолманот на Славија (П) се изрезили за сите пари (ВИДЕО)
СледноЛЕ: Ајнтрахт ја шокираше Барса, Лион „потона“ дома против Вест Хем (ВИДЕО)