Одбојкарите завршија со втората фаза, потврдени полуфиналните двојки

102

Одбојкарите ја завршија Втората фаза-1 од домашното првенство. Шампионот Струмица 47&72 како првопласирана, во плеј-офот тргнува против Универзитет во Тетово, а Шкендија ќе игра со Вардар во првата рунда од елиминаците. Средбите од последното коло во лигашкиот дел не решаваа за изгледот на таблета и за формирањето на полуфиналните двојки. Струмица и Шкендија остварија убедливи победи над Вардар и Борец, а најинтересно беше во тетовскиот дуел меѓу Лирија и Универзитет во Тетово, каде домашните во пет сета славеа со 3:2.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (10.коло)

Струмица 47&72 – Вардар                            3:0 (25:12, 25:16, 25:18)

Шкендија – ГОК Борец                                  3:0 (25:20, 25:20, 25:17)

Лирија – Универзитет во Тетово                   3:2 (20:25, 26:28, 25:16, 25:12, 15:10)

ТАБЕЛА: Струмица (20-0), Шкендија (15-5), Вардар (13-7), Универзитет во Тетово (10-10),Лирија (8-12), ГОК Борец (7-13)

Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (10.коло)

Штип УГД – Македонија Џио                                     3:0 (25:18, 25:10, 25.21)

Весна Пробиштип – Дибра волеј                              3:0 (25:21, 25:18, 25:21)

***Слободна беше екипата на Јанта волеј

ТАБЕЛА: Штип УГД (12-6), Весна Пробиштип (11-7), Јанта волеј (6-12), Дибра волеј (3-15),Македонија Џио (0-18)

ПретходноЈувентус одлучи: Алегри останува на клупата и следната сезона
СледноШок на „Камп Ноу“: Ајнтрахт ја „гази“ Барса и води на полувреме со 2:0 (ВИДЕО)