И после некој ќе каже дека и кошарката не била романтична. Дека судиите и спортистките не се сакаат. Замислете, тоа се случило во Црна Гора на еден кошаркарски натпревар.
Во меч од плеј – офот во шампионатот на Црна Гора меѓу Будуќност и Подгорица, судијата Стефан Вуковиќ прво покажа дека кошаркарката Виолета Лазаревиќ треба да изведува слободни фрлања. Но пред таа да ги изведе, тој дојде до неа, клекна и извади прстен со што ја побара за жена.
Секако романтично, нешто што не се гледа така често.
Јасно е дека Виолета кажа – „ДА“…