ФФМ пак го изгаси „пожарот“ во Вардар

2362

На два дена пред одигрување на натпреварот, и откако поминаа сите рокови за пријавување на натпреварот, ФК Вардар успеа да обезбеди терен каде што ќе го одигра следниот меч од ВМФЛ Запад конкуренцијата. Мечот од 24. коло против Тетекс ќе го одигра на комплексот Петар Милошевски в сабота од 16:00 часот.

Со ова е ставен крај на сите шпекулации околу овој натпревар кој се појавија во јавноста во последните 24 часа, а истите беа тема затоа што едноставно Вардар немаше каде да го организира мечот. Борис Трајковски не е во функција, имаше опција да се игра дури и во Тетово, за да на крајот, повторно, како и многупати сезонава, токму ФФМ му излезе во престет на Вардар и му дозволи да игра на комплексот Петар Милошевски.

 

ПретходноМитревски: Ова беше прво полувреме, играме дома пред 7.000 навивачи!
СледноПремиер – лига против Ла Лига во битка за финалето во ЛШ!