Чаир казнет со 74.000 денари за физички напад на играч и фрлање тврди предмети!

164

Во Втората лига мажи, поточно за 21. коло, Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ изрече големи парични казни. Истите се однесуваат на Чаир 2023. На оваа средба имаше инцидент, по завршување на натпреварот меѓу службениот претставник на домашниот тим Љиверка и Милорад Миновски настанало мешаница. Вербалниот дуел преминал во физичка пресметка, по што се вмешале останатите играчи, а од трибините биле фрлени шишиња.

За овој инцидент, службениот претставник на Чаир е казнет со 50 000 денари и забрана за вршење на должност од два меча, додека пак клубот ќе плати 24.000 денари и за фрлање на тврди предмети на теренот. Казна, секако парична заработи Миновски и тоа од 25.000 денари и суспензија од еден меч.

Оваа средба заврши со убедлива победа на Чаир над Вардар од 107-87.

Претходно“Спортмедиа“дознава како ќе изгледа новиот стадион во Аеродром:Фудбалски храм со кој ќе се гордееме!(ФОТО)
СледноУкраина, Шкотска, Велс: Последните баражи за пласман на СП ќе се играат во јуни!