Манчестер Сити успеа да се пласира во полуфиналето на ЛШ, но на реваншот во Мадрид против Атлетико имаше многу проблеми да го сочува голот. Сити во наредната фаза ќе игра против Реал Мадрид. Тренерот Пеп Гвардиола призна дека Сити бил надигран од мадридскиот тим во второто полувреме.
„Атлетико е шампион на Шпанија. Тие играа многу енергично, а во второто полувреме беа многу подобри од нас. Во целина заслуживме да играме полуфинале. Сите екипи кои гостуваат кај Атлетико страдаат. Ние успеавме да издржиме. Немавме многу време за подготовка по мечот со Ливерпул. Реал е кралот на овој турнир, а ние трет пат сме во полуфинале. Ако играме против нив како второто полувреме на мечот со Атлетико, тогаш немаме шанса. Треба да ја повториме играта од првиот меч со Атлетико“, вели Гвардиола.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Мораме подобро, со таква игра ќе немаме шанси против Реал