Фреди Ринкон, легендарниот колумбиски фудбалер, некогашен играч на Реал Мадрид, починал на 55 години по страшната сообраќајна несреќа пред два дена. Оваа вест ја потврди и болницата во Кали, каде што беше пренесен. Докторите и покрај сите напори сепак не успеале да го спасат.
Ринкон беше дела од златната генерација на репрезентацијата на Колумбија во последната деценија од минатиот век. Одигра 84 натпревари а постигна 17 голови. Играше во големи светски клубови, како Реал Мадрид, Наполи, Коринтијас, Сантос,Палмеирас.