Елмас на мини – одмор во Париз: Македонска елеганција покрај Ајфеловата кула! (ФОТО)

3703

По лошата игра и разочарувачкиот пораз од Фиорентина, на свој терен, тренерот Лучијано Спалети на играчите на Наполи им даде одмор од два дена, со цел да ги средат мислите. Нашиот Дијамант Елиф Елмас тој мини – одмор од два дена одлучи да го помине во Париз, во еден од најблескавите градови во светот. И како што се пофали самиот на своите социјални мрежи, Елмас направи неколку селфи фотки покрај Ајфеловата кула, симболот на Париз. Интересно е тоа што медиумите во Италија и тоа како го пофалија нашиот репрезентативец за изборот на облеката кој што ја носел во тој момент.

Елмас во елегантна облека во Париз“ беа најчестите коментари.

И во право се, ние би додале дека станува збор за македонска елегенција покрај Ајфеловата кула.

ПретходноЛудо: 30.000 навивачи на Ајнтрахт ја окупираа Барселона (ВИДЕО)
СледноКавадарци е фаворит за завршницата во Купот на Македонија