Тензиите во финишот на мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити продолжиле и во тунелот кон соблекувалните. Како што јавуваат шпанските и британските медиуми, имало и физички контакт меѓу играчите на двата тима поради што интервенирала и полицијата.
„БТ спорт“, британската телевизија која ги има правата на пренос на ЛШ, јавува дека физички се пресметале Стефан Савиќ и Џек Грилиш. Во мешаницата во финишот на мечот Грилиш како резервен играч влегол на теренот, а камерите го снимиле како му дофрлува на црногорскиот фудбалер: „Ти си пи…“.
Савиќ потоа го фатил за коса и се обидел да му возврати со тупаници за навредата. Сепак, некако се смирила ситуацијата меѓутоа мешаницата продолжила на пат кон соблекувалните. Таму морала да интервенира и полицијата.
bagarre en plein match 😲 #ATLMCI pic.twitter.com/ygSmxsLkre
— 100-H 🏵 (@ArobaseHisoka) April 13, 2022