Некогашниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер ги нарече лицемерни критиките кон Диего Симеоне.
Атлетико под водство на аргентинскиот тренер не успеа да го победи Манчестер Сити (0:0) во реваншот од 1/4 финалето на Лигата на шампионите. На крајот од натпреварот дојде до пресметка меѓу екипите, при што дефанзивецот на Атлетико, Стефан Савиќ го повлече за коса играчот од средниот ред на „граѓаните“, Џек Грилиш.
„Симеоне е гарант за шоу. Без разлика дали неговиот тим ќе победи или ќе агуби, многу ќе се зборува по натпреварите. Критиките кон него и тимот сега мирисаат на лицемерие. Зошто луѓето сакаат да го направат фудбалот стерилен? Како што еволуираше, играчите станаа позаштитени, а шокантните, грозоморни прекршоци се повеќе се казнуваат брзо и строго. Со толку многу камери и судии, нема многу од што можете да се извлечете. Признавам дека тоа што Џек Грилиш го влечеа за коса повеќе ми беше забавно отколку скандалозно. Не сакам да кажам дека го одобрувам таквото однесување, но тешко дека може да се нарече злосторство против фудбалот“, изјави поранешниот дефанзивец на Ливерпул.