Манчестер Сити го издржа „пеколот“ во Мадрид и се пласира во полуфиналето на ЛШ. Сити победи со 1:0 на првиот меч, а вечерва одигра без голови во Мадрид. Атлетико беше критикуван за играта на првиот меч, дел се шегуваа на формацијата 5-5-0, но тој бункер не издржа и примија гол кој на крајот се покажа како решавачки околу патникот во полуфиналето. Вечерва Атлетико играше многу подобро, изврши силен притисок но не успеа да погоди.
„Горд сум на соиграчите и на тоа како одигравме вечерва. Не можам да се пожалам. Имавме шанси. Атлетико заслужи повеќе од ова, топката не заврши во голот, а на противникот му го честитам пласманот во полуфиналето.
Она што морам да го кажам е што фудбалерите на Сити постојано лежеа на теренот и задржуваа време. Тоа нè полуде затоа што имавме добри шанси. Нас не критикуваа поради такво нешто на првиот меч, ајде да видиме што ќе кажат луѓето после овој меч.
Атлетико го критикуваа за пристапот, а што беше ова вечерва? На крајот горд сум на постигнатото“, изјави играчот од средниот ред на Атлетико, Коке.