Лавот Адеми: Никогаш не зажалив што прифатив да играм за Македонија!

1106

Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, една од легендите на тој клуб е голема ѕвезда во Хрватска. Па така нема ден некој медиум да нема со него интервју или барем да информира за некој рекорд што го соборил Лавот Адеми, еден од нашите најдобри фудбалери.

Па така по се она што се случуваше на дербито со Ријека минатиот викенд, Адеми во едно мега интервју за “Спортске Новости“ покрај другото говореше и за своите настапи во репрезентацијата на Македонија.

На прашањето дали беше деликатна одлуката од негова страна да прифати да игра за Македонија, ако претходно веќе играл за младите селекции на Хрватска, тој одговори.

Како дете многу често одев во Македонија, па затоа немав никакви проблеми кога дојде повикот да играм за репрезентацијата на таа земја. Многу често се раскажуваат разни приказни за моето неиграње за селекцијата на Хрватска и се бара виновник. Јас искрено никогаш не зажалив што прифатив да играм за Македонија, на крајот се виде дека тоа е вистинскиот пат за мене“ посочи Лавот Адеми.

ПретходноБунт во соблекувалната на Јунајтед: Роналдо и компанија не го сакаат Тен Хаг за тренер
СледноФеникс му се заблагодари на Морган, Крстајиќ се сели во Битола