„Левандовски е премногу себичен“

139

Роберт Левандовски има намера да ги замине од Баерн Минхен во летниот преоден рок, а неофицијално полскиот фудбалер не само што има понуда од Барселона, многумина тврдат дека тој веќе постигнал договор.

Иако нема потврда од ниту една страна, сепак по бројните информации во јавноста се огласи некогашниот фудбалер на баварскиот гигант, Марио Гомез. Според него полскиот напаѓач е себичен и треба јавноста да ја извести за својата одлука.

„Искрено, го сметам за голем напаѓач. Но, во овој момент е премногу себичен, молчи за што се случува. Верувам дека сето ова ја вознемирува екипата и влијае на нивната игра“, изјави Гомез.

Тој за Баерн играше од 2009 до 2013 година, постигна 113 голови на 174 настапи.

ПретходноГвардиола: Мораме подобро, со таква игра ќе немаме шанси против Реал
Следно“Спортмедиа“дознава како ќе изгледа новиот стадион во Аеродром:Фудбалски храм со кој ќе се гордееме!(ФОТО)