ЛЕ: Ајнтрахт ја шокираше Барса, Лион „потона“ дома против Вест Хем (ВИДЕО)

155

Најголемиот фаворит за трофејот во Лигата на Европа оваа година, шпанска Барселона, доживеа шокантен пораз во реваншот од четвртфиналето против германски Ајнтрахт Франкфурт со 3:2 и тоа на домашен терен. По ремито 1:1 на дуелот во Германија, вечерва избраниците на Чави одиграа очаен меч и не успеаја да ја искористат предноста на домашниот терен за да си обезбедат полуфинале.

Херој на мечот беше Филип Костиќ со два гола во мрежата на Тер Штеген. Покрај него, еден вистински евро-гол постигна и Боре. Барселона првпат погоди во 91. минута преку Бускетс, за во 10 минута од продолжението Депај да погоди од пенал за ублажување на срамот.

Во Лигата на Европа во следната фаза оди и Вест Хем, кој вечерва го прегази Лион на гости совладувајќи го со 3:0. Одлично издание имаа Англичаните кои со головите на Доусон и Рајс уште во првиот дел водеа со 2:0. Конечните 3:0 ги постигна Боувен на стартот на вториот дел.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ЧЕТВРФИНАЛЕ:

Барселона – Ајнтрахт (Ф) 2:3 (1:1)

Лион – Вест Хем 0:3 (1:1)

Ренџерс – Брага 2:1 (0:1)

Аталанта – РБ Лајпциг 0:2 (1:1)

 

ПретходноЛиверпул побара одложување на мечот со Њукасл
СледноРома го прегази Бодо, Паје го однесе Олимпик (М) во полуфинале (ВИДЕО)