Никола Ѓорѓиев и во следните две сезони во дресот на љубљански АЦХ Волеј

128

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев и во следните две сезони ќе го носи дресот на словенечкиот клуб АЦХ Волеј од Љубљана. Како што потврди денеска најуспешниот словенечки тим, Ѓорѓиев останува во Љубљана најмалку до 2024 година.

„Исклучително сум среќен што се договоривме со АЦХ Волеј да ја продолжиме нашата соработка. Организацијата во клубот е феноменална. Овде, ние се фокусираме исклучиво на нашата работа на теренот, што е клучно за конечниот успех на тимот. Главната цел со клубот е да освојуваме ловорики во иднина и да бидеме најдобри“, изјави Ѓорѓиев за клупскиот веб-сајт.

ПретходноМускрон одбиен за лиценца за настап, сопственикот ќе го продава за 1 евро
СледноЛиверпул го достигна Јунајтед по број на полуфиналиња во ЛШ