Нова истрага во Италија, меч заврши 40:0

434

Како што пренесуа „Газета дело Спорт“ Италијанската фудбалска федерација ќе покрене истрага околу натпреварот од младинските категории помеѓу екипите на Фанум Оросеи и Ла Шалета кој заврши со неверојатно 40:0. Надлежните во федерацијата се сомневаат во регуларноста на мечот и покрај тоа што се работи за У15 категорија. Сепак, четириесет голови се премногу, па ќе мора да се истражи што точно се случувало.

Засега е познато дека во поразениот тим имало само десет играчи од кои едно девојче кое по неколку минути минати на терен го напуштило натпреварот.  Мечот е инаку од регионалната детска дивизија на островот Сардинија.

ПретходноБлаготиншек ќе игра за Фленсбург
СледноХерберт Хајнер: По секој пораз, Баерн се враќа посилен