Пеп е апсолутен рекордер: девет пати во полуфиналето на ЛШ

65

Тимот на Манчестер Сити на чело со својот менаџер Пеп Гвардиола синоќа обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на Шампионите со победата во двомечот против Атлетико Мадрид.

Ова значи дека Гвардиола по деветти пат во својата менаџерска кариера стана дел од оваа фаза во ЛШ, што го прави најуспешен водач на еден клуб.

Тоа на шпанецот му појде од рака со три клуба, а тоа се Барселона, Баерн Минхен, а сега и Манчестер Сити.

Со Барселона стигна четирипати во период од 2009 до 2012, со Баерн три пати во период од 2014 до 2016, а со Сити, во 2021 и годинава.

 

ПретходноХерберт Хајнер: По секој пораз, Баерн се враќа посилен
СледноМускрон одбиен за лиценца за настап, сопственикот ќе го продава за 1 евро