Полека но сигурно завршува и оваа сезона во Лигата на Шампионите. Синоќа се одиграа последните мечеви од 1/4 финалето, па така сега се знае дека во полуфиналињата се најдоа две екипи од Премиер – лигата и две од Ла Лига.
Уште еднаш се покажа кои првенства се најсилните во Европа.
Двојките се Манчестер Сити – Реал Мадрид (26 април/4 мај) и Ливерпул – Виљареал (27 април/3 мај).
Значи можеме да видиме и англиско, но можеме да видиме и шпанско финале.
Некој ќе се каже дека се некако “мириса“ на супер – финале во ЛШ меѓу Пеп и Клоп, но кој може предвреме да ги отпиши “кралевите“ или Виљареал, кој досега веќе ги елиминира едни гиганти како Јувентус и Баерн Минхен.
Инаку големото финале е закажано за на 28 мај во Париз.