Работнички и Јанта Волеј КВ поведоа во полуфиналната серија кај дамите

91

Бранителките на шампионскиот трон, одбојкарките на Јанта волеј Кисела вода и лидерот во регуларниот дел од сезоната, Работнички, тргнаа со победи во женскиот одбојкарски плеј-оф.

Во првите полуфинални дуели, Јанта Волеј КВ убедливо го совладаа Наковски волеј во три сета и поведе со 1:0 во полуфината серија од разигрувањето. Во денешниот прв полуфинален меч во Скопје, освојувачот на Купот и лидер во првенството, екипата на Работнички, тргна со победа од 3:1 над екипата на Струмица, која регуларниот дел од првенството го заврши на четвртата позиција.

Реваншите се играат на теренот во Струмица, а доколку струмичките тимови дојдат до победа, евентуалната „мајсторка“ ќе биде на терен на Јанта волеј КВ и Работнички.

Прва лига (жени), полуфинале (први натпревари)

Јанта волеј КВ – Наковски волеј                       3:0 (25:9, 25:21, 25:19)

РаботничкиСкопје – Струмица                       3:1 (25:16, 20:25, 25:13, 25:11)

ПретходноРБ Лајпциг е прв полуфиналист во ЛE, Лестер со пресврт во полуфинале во КЛ (ВИДЕО)
СледноЈувентус одлучи: Алегри останува на клупата и следната сезона