Рома го прегази Бодо, Паје го однесе Олимпик (М) во полуфинале (ВИДЕО)

161

Во доминантна партија, Рома го декласираше Бодо со 4:0 и си обезбеди полуфинале во Конференциската лига на УЕФА. Хет-трик на мечот постигна извонредниот Николо Заниоло, а резултатот всушност со својот 8. сезонски гол во ова натпреварување го отвори Тами Абрахам.

Во полуфиналето има место и за Феенорд кој со 3:1 ја совлада Славија среде Прага, како и за екипата на Олимпик Марсеј која со голот на Паје славеше на гостувањето во Солун против ПАОК со 1:0.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

ПАОК – Олимпик (М) 0:1 (1:2)

Рома – Бодо 4:0 (1:2)

Славија (П) – Феенорд 1:3 (3:3)

ПСВ – Лестер 1:2 (0:0)

ПретходноЛЕ: Ајнтрахт ја шокираше Барса, Лион „потона“ дома против Вест Хем (ВИДЕО)
Следно„Лалињата“ славеа на гости кај Португалија во баражот за СП