ФИФА ги одреди датумите на одигрување на последните баражи за пласман на СП во Катар од Европската зона. Имено на 1 јуни во Глазгов, во полуфиналето силите ќе ги одмерат Шкотска и Украина, а победникот од овој меч на 5 јуни во Кардиф ќе се сретне во финалето против селекцијата Велс.
Токму овој дуел во Кардиф ќе одлучи кој ќе биде последниот патник на СП во Катар од Европа.
Овие баражи, како и сите останати на кои играше и Македонија,требаше да се одиграат минатиот месец, но поради војната во Украина, тие беа одложени.