Пред завршување на преодниот рок, учесниците во Супер-лигата максимално се засилуваат за битката која носи чекор поблиску до титулата.
Дебитантот Феникс му се заблагодари на Двејн Морган, кој пак продолжува во тимот на ТФТ. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, сонува за незаборавна сезона.
Откако Академија ФМП не успеа да се трансформира во Акционерско друштво, дел од кошаркарите одлучија да ги променат „боите“ на клубот. Еден од нив е најдобриот поединец, Стефан Крстајиќ.
Тој оди во Пелистер, кој регуларниот дел од сезоната го заврши на лидерското место. Крстајиќ е петтиот странец во редовите на битолскиот тим, останува да видиме дали оваа сезона ќе успеат да направат нешто повеќе.
Од таборот на Академија ФМП ќе замине и Филип Бакоч, најверојатно негова нова дестинација ќе биде Еуро Никел.