Фудбалерот на аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, „Тото“ Салвио, е уапсен од полицијата по обвинување дека ја прегазил со автомобил неговата поранешна партнерка Магали Аравена. Салвио во обид да побегне откако Магали го фатила со друга жена, тој ја прегазил со автомобилот и се дал во бекство.
Настанот се случил утрово околу 5 часот на улиците Азуцена Вилафлор и Хуана Мансо во Буенос Аирес. Аравена подоцна го пријавила фудбалерот во полиција, по што тој е уапсен.
Интересно, фудбалерот има „тешка“ историја автомобилски казни поради брзо возење. Според пишувањата на медиумите само досега на казни има платено 400.000 долари, но сега го чека ново судење и можна затворска казна.
Así fue el incidente entre Toto Salvio y Magalí Aravena pic.twitter.com/6VwkkZEahc
— TyC Sports (@TyCSports) April 14, 2022