Херберт Хајнер: По секој пораз, Баерн се враќа посилен

114

Првиот човек на Баерн Минхен, претседателот Херберт Хајнер по неуспехот во Лигата на Шампионите, односно елиминацијата во четвртфиналето од Виљареал изјави дека по секоја ваква ситуација, на неуспех на клубот, Баерн се враќал уште посилен.

„ Баерн секогаш се враќа посилен после неуспесите. Токму тоа е нашата задача сега. Доколку на крајот од сезоната ја освоиме десеттата последователна шампионска титула, тоа ќе биде историско достигнување во топ 5 првенствата во Европа. Можеме да бидеме горди на тоа“, изјави Хајнер, на што се надоврза и директорот на клубот, легендарниот Оливер Кан. 

„Таа десетта титула која што е пред нас и ни е на дофат, ќе  биде голема мотивација за играчите. Никој во Европа тоа не го постигнал“ – рече Кан.

 

ПретходноНова истрага во Италија, меч заврши 40:0
СледноПеп е апсолутен рекордер: девет пати во полуфиналето на ЛШ