Шок на „Камп Ноу“: Ајнтрахт ја „гази“ Барса и води на полувреме со 2:0 (ВИДЕО)

133

Германски Ајнтрахт (Ф) поддржан од армија од околу 30.000 навивачи има полувреме за историја на „Камп Ноу“. Бундеслигашот води со 2:0 по првите 45. минути од реванш четвртфиналето во Лигата на Европа кај најголемиот фаворит за трофејот, Барселона и е на одличен пат да обезбеди историска елиминација за каталонците, а за себе полуфинале во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Костиќ од пенал ги донесе гостите во водство во 4. минута, а Боре во 36. минута зголеми на 2:0. Барселона е пред голем предизвик во второто полувреме.

ПретходноОдбојкарите завршија со втората фаза, потврдени полуфиналните двојки
СледноФудбалер на Бока Јуниорс ја прегазил сопругата со автомобил и побегнал (ВИДЕО)