Јувентус одлучи: Алегри останува на клупата и следната сезона

114

Јувентус нема да го отпушти Масимилијано Алегри на крајот од сезоната, без разлика каков пласман ќе има „Старата Дама“ во Серија А.

Иако резултатите на тимот се слични на оние од претходната сезона, кога со тимот раководеше Андреа Пирло, управата забележала позитивни промени и тренд на подобрување.

Јувентус во серија од 16 натпревари е без пораз и освои најмногу бодови во Серија А во 2022 година, и покрај лошиот почеток на сезоната. Исто така, раководството на клубот забележа подобрување во дисциплината во тимот.

Причина плус за продолжување на соработката со Алегри е и фактот дека евентуален отказ ќе биде финансиски неисплатлив за Јувентус, бидејќи минатото лето Алегри потпиша договор на 4 години со плата од 7 милиони евра.

ПретходноРаботнички и Јанта Волеј КВ поведоа во полуфиналната серија кај дамите
СледноОдбојкарите завршија со втората фаза, потврдени полуфиналните двојки