Словенчкиот ракометен интернационалец и репрезентативец Блаж Благотиншек по завршувањето на соработката со неговиот сегашен клуб Веспрем, летото 2023 година ќе се пресели во екипата на Фленсбург. Словенецот ќе потпише тригодишен договор со клубот од Бундеслигата со што дефинитивно ја решаа својата иднина.
Информацијата веќе ја потврдија двата клуба, Словенецот ќе остане да ги брани боите на Веспрем и во текот на сезоната 2022/23, по што ќе замине во Германија.
Благотиншек е дел од Веспрем од 2016 година и со овој тим ги освои шампионатот на Унгарија, три куп трофеји, и два во СЕХА лигата.