“Спортмедиа“дознава како ќе изгледа новиот стадион во Аеродром:Фудбалски храм со кој ќе се гордееме!(ФОТО)

10007

И официјално и дефинитивно,како што и беше ветено од страна на ФФМ и Општина Аеродром, ќе се гради репрезентативен стадион во оваа скопска населба кој ќе биде во рамките на „Куќата на фудбалот“.

Носител на овој објект ќе биде Фудбалската федерација на Македонија, заедно со Општина Аеродром, а ќе биде важна и поддршката од Владата на Р. Македонија.

No description available.

Имено денеска на седница на УО на Фудбалската федерација на Македонија,одлучено е да се отпочне на постапка за изградбата на стадионот.Инаку да потсетиме дека договор падна пред извесно време меѓу првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини и градоначалникот на Аеродром,Тимчо Муцунски кога и двајцата ја истакнаа потребата од еден ваков спортски,пред се фудбалски објект.

May be an image of 2 people and people standing

„Спортмедиа“ дознава како ќе изгледа новиот стадион, со кој ФФМ, жителите на Аеродром ќе бидат горди, како и сите во Македонија. Од два понудени примери, новата Арена во Луксембург и новиот стадион на Викинг во Норвешка, одбран е првиот.

No description available.

Стадионот ќе биде со капацитет од 12.000 гледачи, со три трибини, а на четвртата ќе биде впечатлив семафорот. Да не говориме дека ќе ги има сите придружни елементи кој ги има еден современ фудбалски објект. Да кажеме дека за изградба на стадионот и ФИФА испратила позитивни сигнали неодамна на конгресот во Доха, каде беше раководството на Фудбалската федерација.

No description available.

Изградбата на самиот стадион ќе чини 10.000.000 евра, а би требало да биде готов на крајот од 2023 година.

Претходно„Левандовски е премногу себичен“
СледноЧаир казнет со 74.000 денари за физички напад на играч и фрлање тврди предмети!