Украина, Шкотска, Велс: Последните баражи за пласман на СП ќе се играат во јуни!

141

ФИФА ги одреди датумите на одигрување на последните баражи за пласман на СП во Катар од Европската зона. Имено на 1 јуни во Глазгов, во полуфиналето силите ќе ги одмерат Шкотска и Украина, а победникот од овој меч на 5 јуни во Кардиф ќе се сретне во финалето против селекцијата Велс.

Токму овој дуел во Кардиф ќе одлучи кој ќе биде последниот патник на СП во Катар од Европа.

Овие баражи, како и сите останати на кои играше и Македонија,требаше да се одиграат минатиот месец, но поради војната во Украина, тие беа одложени.

ПретходноЧаир казнет со 74.000 денари за физички напад на играч и фрлање тврди предмети!
СледноЛудо: 30.000 навивачи на Ајнтрахт ја окупираа Барселона (ВИДЕО)