МЗТ Скопје го доби најважниот натпревар сезонава, го совлада Широки со 75-71 во полуфиналето на завршниот турнир во АБА2-лига и обезбеди место во елитата во рамките на ова натпреварување.
Актуелниот македонски првак играше по „нотите“ на своите верни фанови, во нејверојатно одлична сезона успеа да го издржи притисокот и на крајот да радува. А токму во моментите кога Широки притискаше, тука беше капитенот Дамјан Стојановски.
Македонскиот репрезентативец постигна 17 поени, осум од нив ги постигна во последната четвртина. АБА-лига го прогласи за херој на мечот.
🚨 GAME HERO 🚨@kkmztskopje tonight’s top scorer Damjan Stojanovski scored 8 out of his 17 points in the 4th quarter to lead his team toward the big win.
🔥🔥🔥#ABALiga2 pic.twitter.com/Ska5R2f9ZE
— NLB ABA League 2 (@ABA_League2) April 15, 2022