Динамо Загреб спрема супер трансфер

571

„Спортски новости“ пренесуваат дека челниците на Динамо Загреб ќе заврши одлична работа со ангажман на напаѓач на Норвич Сити. Се работи за 29-годишниот напаѓач Јосип Дрмиќ кој игра во Ријека како позајмен од Норвич.

На лето му истекува договорот со англискиот клуб, па неофицијално тој веќе се договорил со трансфер во хрватскиот шампион. Во Ријека на 50 натпревари постигна 26 гола (сезонава во лигата има 16 гола) со што Динамо оценил дека е вистинско засилување за нивните редови.

Дрмиќ има хрватски корени, но е роден во Швајцарија и игра за таа репрезентација (35 настапи и 10 голови). Почнал во Цирих, потоа играл за Нирнберг, Баер Леверкузен, Менхенгладбах, а во 2019 година замина во Норвич каде што не се снајде.

 

ПретходноOФИЦИЈАЛНО: „Феноменот“ купи фудбалски гигант за 70 милиони долари
СледноАеродром се буди за МЗТ Скопје – „Фемили“ подготвени за „фешта“