Доријан Бабунски уште еднаш покажа зошто Дебрецен го ангажираше.Македонскиот репрезентативец уште еднаш докаже дека е во врвна голгетерска форма и тоа со голот против составот на Ѓирмот, во меч од 28.коло во елитната лига на Унгарија.
Доријан беше стартер, а голот го постигна во 86.минута за конечни 3:1. Инаку ова беше и “македонско дерби“, за Дебрецен во игра во второто полувреме влезе Давид Бабунску, а во поразениот тим во 60.минута во игра влезе Матеј Цветаноски.
Инаку ова беше четвтрти гол на Доријан Бабунски за Дебрецен сезонава.