Екс-селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, сега прв човек на клупата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Душко Николиќ, го објави поширокиот список на одбојкари на кои ќе смета за натпреварите во Европската сребрена лига 2022 година.
Босанците се противници на Македонија во групата „Б“, каде се и селекциите на Албанија и Романија.
Првиот натпревар во битката за фајнал-форот, Босна и Херцеговина ќе го игра на 25 мај во Скопје против нашата репрезентација.
На листата на повикани одбојкари, Николиќ ги стави:
ТЕХНИЧАРИ:
Иво Ивиќ – Рид / Австрија
Џемил Јелашковиќ – Шкендија / Македонија
Кенан Фејзиќ – ОК „Босна“
Фрањо Ивиќ – ХОК „Домаљевац“
ПРИМАЧИ:
Ален Дидовиќ – Ал Аин / ОАЕ
Армин Мустедановиќ – Дијамант Фуд / Тајланд
Андреј Ристиќ – ОК „Црвена Звезда“ / Србија
Емир Макас – ОК Фужинар / Словенија
Асмир Хукичевиќ – ОК „Младост“ Брчко
Адин Фазлиќ – ОК „К 78“ Какањ
КОРЕКТОРИ:
Ади Османовиќ – Хатајспор / Турција
Марко Миловановиќ – Капошвар / Унгарија
Немања Божиќ – ХОК „Домаљевац“
Хасан Хаџиќ – ЛИУ / САД
Един Мехиќ – ОК „Какањ 78“ Какањ
СРЕДНИ БЛОКЕРИ:
Тихомир Гајиќ – „Младост“ Загреб / Хрватска
Алмир Чоло – ОК „Младост“ Брчко
Стефан Јанковиќ – ОК „Партизан“ / Србија
Милош Поповиќ – ОК „Борац“ Бања Лука
Бакир Херцеговац – ХОК „Домаљевац“
ЛИБЕРА:
Матеј Ивиќ – ОК „Китро“ Вараждин / Хрватска
Милан Митриновиќ – ОК „Борац“ Бања Лука
Сејдин Мустафиќ – ОК „Какањ 78“ Какањ