МЗТ Скопје како никогаш до сега има шанса да се врати во АБА-лига. Актуелниот македонски првак вечерва (21 часот) треба само да го совлада Широки и без разлика на крајниот исход во финалето ќе го оствари големиот сон. Ова се должи на победа на Златибор над Борац Бања Лука од 80-98 во првото полуфинале.
Пропозициите на регионалната лига велат дека ниту една од државите кои се дел од АБА-лига не може да имат повеќе од пет претставника. Бо овој случај Златинор како шампион на завршниот турнир во АБА2-лига не може да обезбеди директно место, туку ќе мора да одигра бараж со најлошо пласираниот српскиот тим во јадранската елита.
Српскиот тим доминираше во првото полуфинале, не дозволи во ниту еден момент противникот да направи пресврт.