Хуан Квадрадо и официјално ќе остане дел од тимот на Јувентус минимум до летото 2023 година. Неговиот договор автоматски беше продолжен, со оглед на исполнувањето на бројот на настапите во последната сезона што беше условот за нова соработка.
Па така, договорот на „плус една“ година станува важечки и Квадрадо и натаму ќе го носи дресот на Јувентус. Во исто време, Јуве би сакал да го задржи до 2024 година со плата од 5 милиони евра. Во следните неколку дена ќе се знае дали репрезентативецот на Колумбија ќе се согласи на такво нешто.
Ancora insieme, Panita ❤️@Cuadrado rinnova fino al 2023 ⚪️⚫️
— JuventusFC (@juventusfc) April 15, 2022