Кузмановски: Не постои психолошка исцрпеност кога играш пред 7.000 македонски навивачи

158

Македонската ракометна репрезентација на големо се подготвува за реваншот против Чешка. По ремито во Злин (24-24), нашите момци имаа време да се одморат, емоциите и онаа разочараност за пропуштената шанса за победа ги оставија зад себе. На дело видоа дека против еден ваков противник можат да одиграат на високо ниво, па дури и да дојдат на седум гола разлика.

„Бевме максимално подготвени за Чешка, мислам дека не не изненадија со ништо, имавме кратко време да се подготвиме, но покажавме таму дека можеме да играме со нив, и во во првото и во второто полувреме, особено во одбраната, што беше една од нашите задачи, исто како и од полуконтра да направиме разлика. Можеби се изненадивме дека водевме седум разлика. Се опуштивме, на крајот ни беше криво. Сега имаме шанса. Да ни го понудија ремито пред натпревар ќе го прифатевме“, вели Филип Кузмановски. 

Македонија е непобедлива на домашен терен, низ годините нашите ракометари доминираат во Скопје. Кузмановски очекува тежок меч, но истовремено е сигурен дека со помош на навивачите, ќе излеат како победници – мундијалската виза ќе биде заверена во СЦ „Борис Трајковски“.

„Но и тука не очекува тежок натпревар. Имаме уште два дена, добро ќе анализираме и се надевам на победа. Одбраната беше добра на првиот натпревар, останува да ги поправиме тие технички грешки во транзиција, треба да даваме полесни голови.

Кога ќе играш пред 7000 гледачи, не постои психолошка исцрпеност, мотивацијата е уште поголема. Поквалитетни сме од Чешка, кога ќе видиме на секоја позиција, но тоа мораме да го покажеме на терен. Верувам дека ќе се избориме за пласман на Светското првенство“, коментира Кузмановски. 

Мечот меѓу Македонија и Чешка е закажан во недела, 19 часот.

ПретходноНасмевки во Работнички: Ќе се смее ли Тинте утре по мечот во Ѓорче!?
СледноМилан добива нови газди