Денеска е 15 април 2022 година, точно пред 33 години се случи една од најголемите трагедии во светот на фудбалот, кога 97 фанови на Ливерпул ги заагубија своите животи на стадионот на “Хилсборо“ во Шефилд, за време на натпреварот меѓу Ливерпул и Нотингем Форест.
По тој повод денеска градот Ливерпул ќе биде во молк, едноставно ќе застане. Сите знамиња ќе бида на пола копје, точно во 16.06 часот точно 97 пати звоната на Градската куќа ќе заѕвонат, додека граѓаните на овој град со едноминутно молчење ќе и одадат чест за загинатите.