Македонија У16 доживеа пораз од Ирска на турнирот во Србија

87

Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена од Република Ирска со 3:2 во еден интересен натпревар со многу пресврти и отворена игра во рамките на меѓународниот турнир Миљан Миљаниќ во Стара Пазова, Србија.

Во првото полувреме видовме по еден постигнат гол во двете мрежи. Противникот во 23. минута од мечот го отвори резултат. Димитриевски постигна гол за израмнување на резултатот. Пропуштивме уште неколку добри прилики за да постигнеме нов гол.

Во продолжението од средбата Македонија прави пресврт и поведува со 2:1. Стрелец е Алији во 65. минута. Во 80. минута пенал за Република Ирска и израмнување на резултатот. Во 89. минута, гол на Република Ирска за нов пресврт и победа со 3:2.

Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Даниел Коцев, Максимилиан Димитриевски, Никола Манојлов, Фљакрон Мемиши, Никола Стојковски, Мартин Јовановиќ, Нуман Ајетовиќ, Стефан Младеновски.

ПретходноМилан добива нови газди
СледноOФИЦИЈАЛНО: „Феноменот“ купи фудбалски гигант за 70 милиони долари