Како што јавуваат повеќе реномирани европски медиуми денеска од тимот на Ројтерс, односно Л‘Екип, италијанскиот гигант Милан наското ќе треба да добие нови газди. Во прашање е компанијата, „Investcorp“ која што има база во Бахреин и чии што сопственици се во интензивни преговори за преземање на клубот. Досега Милан бепе во сопственост на „Elliott Management“.
Потенцијалниот нов сопственик на Милан е компанија, која што вреди 37 милијарди долари, има подружници во Лондон односно Њујорк. Досегашниот сопственик на клубот, го презеде Милан во 2018 година и според информациите има вложено околу 700 милиони долари.