Нагелсман: Добив 450 смртни закани по елиминацијата од Виљареал

104

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман откри дека трпел жестоки напади од навивачи по елиминацијата на тимот од Виљареал во Лигата на шампионите. Германците не успеја да се пласираат во полуфиналето.
Добив 450 смртни закани на Инстаграм. Разбирам критики, но смртните закани се нешто друго. Луѓето може да пишуваат што сакаат, но мислам дека треба да подразмилат за тоа што го пишуваат. Тие секогаш мислат дека се во право. Тоа е чудно нешто. И покрај заканите нема да барам дополнителна заштита. Не сакам да провоцирам никого, но досега никој не се појавил пред мојата врата“, призна тренерот, видно изнервиран на денешнат прес конференција.

Сакам да станам шампион на Германија, а потоа ќе се потрудам да бидам подобар идната година. Ако некои луѓе ме сакаат, тоа е затоа што сум Јулијан Нагелсман, а не затоа што сум тренер на Баерн. Ако не ме сакаат, тогаш океј ќе го прифатам тоа. Но немам што да се докажувам на било кого, туку само на себе си“, додаде Германецот.
Својот меч од 30. коло Баерн го игра на гости кај Арминија.

ПретходноАеродром се буди за МЗТ Скопје – „Фемили“ подготвени за „фешта“
СледноКвадрадо верен на Јуве