Два меча, две победи и тоа без примен гол. Стојан Игњатов – Тинте имаше фантастичен старт на клупата на Работнички. Тој заедно со својот соработник Вангел Алтипармаковски и сите останати помошници од стручниот штаб одработија голема работа. Брегалница и Тиквеш беа победени, и затоа се тука насмевките на тренинзите.
Сепак тешкото допрва доаѓа, имено утре во Ѓорче тимот од Градски парк го чека пеколно гостување кај Македонија ЃП која и тоа како се бори за излез во Европа.
Тинте засега се смее, ќе видиме дали ќе се смее и утре по мечот во Ѓорче.